Општи услови за соработка

Општи услови за соработка на конструкционс Биро А.Ф. со други компании

Општи услови и правила за Професионален алат од Конструкционс Биро А.Ф.

Општите услови и правила го дефинираат начинот на соработка помеѓу Конструкционс Биро А.Ф. и коминтентите.

1.0 Регион на апликација

1.1 Условите и правилата на Конструкционс Биро А.Ф., бул. Кузман Ј. Питу бр. 19 локал 55, МК-1000 Скопје важат за сите нарачки од коминтенти во интернет продавница, каталог и друго. Дополнителни услови може да се дефинираат во писмен договор.

1.2 Отстапувања од условите за соработка нема да бидат прифатени од нас, освен ако писмено не сме се согласиле на тоа.

1.3 Условите за соработка може да ги погледнете во секое време на нашата веб страна или интернет продавница. Со нарачување на роба од Конструкционс Биро А.Ф. ги прифаќате условите и правилата за соработка.

2.0 Соработка

2.1 Презентацијата на производите од нашата понуда на интернет, во каталог или други промотивни материјали не е обврзувачка понуда за Конструкционс Биро А.Ф..

2.2 Во согласност со вашите потреби може да побарате барање за понуда на кое ќе ви биде доставена официјална понуда од Конструкционс Биро А.Ф.. Ваквата понуда има важност од 30 дена, освен ако не е поинаку наведено во понудата.

2.3 Доколку има интерес за долгорочна соработка, различна од таа пропишана во овие Услови, се склучува Договор за соработка каде што детално се наведени условите.

3.0 Цени

3.1 Цените на сите производи се во евра, пресметани во денари според курсот на денот на фактурирање.

3.2 Доколку нема договор во кој е дефинирана промена на цената, важат цените од актуелниот ценовник на Конструкционс Биро А.Ф. во времето на нарачката.

3.3 Цените се точно наведени за кој производ и димензија се однесуваат. Промена на овие параметри ќе влијае и на цената.

3.4 Цените на производите важат само за подигање од магацин на Конструкционс Биро А.Ф. и се без вклучени трошоци за дополнително пакување или транспорт. Исклучоци може да се направат со претходен договор.

4.0 Начин на плаќање

4.1 Плаќање на робата се извршува со про-фактура или со фактура.

4.2 За плаќањето на фактура важи рокот за плаќање наведен на фактурата или рокот наведен во претходно склучен договор за соработка меѓу странките.

5.0 Испорака на робата

5.1 Откако купувачот ќе ја потврди нарачката, Конструкционс Биро А.Ф. ја подготвува робата и потребната документација и го информира купувачот дека може да ја подигне робата.

5.2 Рокот за подготовка на робата е обврзувачки само ако е потврден од нас во писмена форма.

5.3 Испорака на робата се врши во договор со купувачот. Конструкционс Биро А.Ф. писмено го информира купувачот за испорачаната роба. Транспортот целосно го организира и плаќа купувачот, освен ако тоа не е поинаку нагласено во писмен договор.

5.4 Сите трошоци за транспорт ќе бидат посебно наведени во фактурата.

5.5 Доколку купувачот побара, порачаната роба може да се осигура. Трошокот за осигурување е на товар на купувачот, освен ако тоа не е поинаку нагласено во писмен договор.

5.6 Сите трошоци за осигурување ќе бидат посебно наведени во фактурата.

5.7 Обврските во однос на испорака на робата се суспендираат во случај на вис мајор настани (виша сила) се додека таквите настани не завршат. Купувачот ќе биде информиран за таквите настани, причината за одложување на испораката, а потоа и за прекинот на одложувањето. Доколку таквиот настан трае подолго од 6 месеци, странките можат да се договорат за понатамошниот тек на соработката. Доколку не се постигне взаемен договор, одлуката ја носи судор надлежен за спорот.

6.0 Пренос на одговорност, прием на роба

6.1 Одговорноста се пренесува на купувачот веднаш штом робата ќе го напушти магацинот, дури и во случај на делумни испораки. Приемот на робата, таков како што е договорен помеѓу странките, е одлучен за пренесувањето на одговорност. Приемот на договорена испорака не може да се одбие доколку нема дефект на испорачаната роба.

6.2 Доколку испораката или приемот се одложи или не може да се спроведе заради причини кои се надвор од наша можност, одговорноста се пренесува на купувачот од датумот кога бил известен дека робата е спремна за испорака.

6.3 Делумни испораки се дозволени до степен за кој купувачот разумно се очекува да ги прифати.

7.0 Пренос на сопственост

7.1 Робата останува во наша сопственост се додека не е извршено целосно плаќање.

7.2 Вие го задржувате правото за препродавање на испорачаната роба. Во овој случај сите финансиски добивки од препродажбата, до исполнување на фактурираната вредност, се пренесуваат на Конструкционс Биро А.Ф.. Вие го задржувате правото за наплата на побарувањата од препродажбата. Конструкционс Биро А.Ф. нема да преземе посебни мерки за наплата на тие побарувања сѐ додека вие се придржувате на договорените рокови за плаќање на истите.

7.3 Доколку доцните со плаќање повеќе од 10 дена од договорениот рок на плаќање, имаме право да се повлечеме од договорот и да си ја вратиме робата.

7.3       Dokolku docnite so plakanje poveke od 10 dena od dogovoreniot rok na plakanje, imame pravo da se povlečeme od dogovorot i da si ja vratime robata.

8.0 Материјални дефекти на робата

8.1 Сите делови кои биле дефектни пред преносот на одговорност, по наша проценка, ќе бидат поправени или заменети со нови исправни делови. За откривањето на каков било дефект мора веднаш писмено да не известите.

8.2 По консултација, ќе ни дозволите да искористиме време колку што е потребно за да се направат поправките или испораката на заменските делови; во спротивно ние сме ослободени од каква било одговорност.

8.3 Во случај на незначително мал дефект кој не влијае на нормалната функција на производот, немате право на рекламација на истиот.

8.4 Нема никаква гаранција за деловите во случај на несоодветна употреба, погрешна монтажа од вас или трета странка, истрошеност или оштетеност предизвикана од работа, несоодветно ракување или одржување, користење на несоодветни работни материјали, хемиски, електро-хемиски, електрични и механички оштетувања.

8.5 Пред да се користи алатот треба да се прочита и разбере Упатството за употреба, Инструкциите за безбедност и Гарантниот лист. Со придржување кон овие документи се гарантира нормално функционирање на алатот.

8.6 Конструкционс Биро А.Ф. е овластен сервис за сите алати кои ги има во својата понуда. Доколку алатот се сервисира надвор од Конструкционс Биро А.Ф., тоа ја поништува гаранцијата и ние не преземаме одговорност за последиците. Истото важи и за модификација на производите без наша согласност.

8.7 Може да ја вратите робата само со претходен писмен договор со нас. Имаме право да одбиеме пратка со вратена роба за која нема писмен договор за враќање. Сите давачки за враќање на робата се на трошок на купувачот.

8.8 Специјално изработени производи (по спецификација) и наменски порачани производи мора да се подигнат и не може да се враќаат.