Политика на приватност

Политика на приватност

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Со пристапување, користење и регистрација како купувач на www.konstrukcionsbiro.mk, изјавувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со содржината на нашата Политика на приватност, Политика на рефундирање и Политика на испорака.

Собирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве идентификуваат вас, на пример, вашеро име, вашата адреса (e-mail или поштенска), телефонски број. КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. не собира подароци за вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да ви се испорачаат купените производи или да се пријавите за добивање новости и известувања. Вашите лични податоци се собираат само доколку се регистрирате како купувач на нашата интернет продавница.

Кај нас не се собираат информации од финансиска природа, како број на картичка и/или банкарска сметка.

Користење и чување на личните податоци

КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на интернет продавницата, односно за процесирање и реализирање на вашата нарачка или за да ве информираме за нови производи и услуги. Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани со купувањето.

Вработените на КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите лични податоци.

Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци. КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. нема да ги продаде или открие вашите лични податоци на трета страна освен на надлежните државни одгани на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.

Слобода на избор

Вие самите ги контролирате податоците кои ги давате на КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. Имајте во предвид дека ако не ни ги оставите вашите податоци нема да ви бидат достапни некои делови од интернет продавницата, како ни можноста за купување од истата.

Безбедност

Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на вашиот профил.

Вашето корисничко име и лозинка се единствени и не треба да ги откриете на трети лица.

Доколку вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба ви препорачуваме веднаш да не известите и да извршите промена на лозинката.

КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични подароци. Вашите податови грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

Комуникацијата со нашиот сервер е обезбедена со SSL енкрипција за да не се дозволи кражба на вашите лични податоци.

Cookies

Оваа интернет продавница користи Cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за да се идентификува кои страни ги користите. Ова помага да се подобри нашата интернет продавница согласно потребите на потрошувачите. Cookies на никој начин не ни дозволуваат пристап до вашиот компјутер или до вашите лични податоци, освен податоците кои сами бирате да ги споделите со нас.

Малолетни лица

КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. им препорачува на сите родители и старатели да ги информираат своите деца како безбедно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетници не смеат да даваат лични податови на КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. без дозвола од своите родители или старатели. КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. никогш нема намерно да земе лични податоци од малолетници или да ги употреби на било каков начин, ниту да ги проследи до трета страна без дозвола од родител или старател.

Поврзаност со други интернет страници

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува само на интернет продавницата на КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. Доколку преку интернер продавницата на КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. се префрлите на други интернер страни, оваа изјава не се однесува на нив и ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие интернер страници.

Доколку ја напуштите интернет продавницата на КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф., водете сметка за безбедноста на вашите лични податоци и прочитајте ги изјавите за заштита на лични податоци на секоја интернет страница.

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат за заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не на shop@konstrukcionsbiro.mk. На ваше барање, во најскоро можно време ќе бидете информирани за тоа кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се зачувани за време на вашите посети на интернет продавницата на КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф.

Објавување на промени

КОНСТРУКЦИОНС БИРО А.Ф. може да ја измени оваа Политика за приватност во секое време преку објавување на изменета Политика за приватност во делот „Политика за приватност“ на интернет продавницата. Промените во нашата политика за заштита на личните податоци ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци или на други места кои сметаме дека се соодветни. Изменетата Политика за приватност стапува на сила од моментот на објавување на интернет продавницата www.konstrukcionsbiro.mk.

Континуирана употреба на интернет продавницата подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика за приватност.

Оваа Политика за приватност стапува на сила од Јуни 2015 година.