Конструкционс Биро А.Ф.
Конструкционс Биро А.Ф. е основана во 1996 година како специјализирана трговска компанија за професионален алат од германско производство. Конструкционс Биро А.Ф. – Скопје е увозник и дистрибутер на германските производители кои се од светски ранг и со традиција подолга од 120 години.
Конструкционс Биро А.Ф. располага со долгогодишно искуство за квалитетно и рационално работење, организација и рационализација во металната индустрија во Германија. Базирано на тоа искуство компанијата нуди решенија за рационално работење во индустријата, градежништвото, за мајстори и за занаетчии, а сето тоа со понуда на соодветни алати и потрошни материјали произведени по ISO стандарди.
Конструкционс Биро А.Ф. – Скопје дополнително ви нуди советување и препораки за квалитетно и рационално користење на алатите.
Конструкционс Биро А.Ф. – Скопје нуди презентација и демонстрација на производите во Ваши работни услови.
Вие профитирате како партнер на Конструкционс Биро А.Ф. – Скопје!
Конструкционс Биро А.Ф. – Скопје е овластен дистрибутер на брендовите:
Историјата на електричниот алат започнува со FEIN. Првата електрична бормашина е произведена од FEIN во 1895 година. Долгата историја и традиција го прави FEIN производител на електрични алати од светски ранг. Другите производители се ориентираат на производите на FEIN!
DUSS е основана во 1920 година во Шварцвалд, Германија. Произведува само бормашини, комбинирани – ударни машини за бушење и кршење, машини за бушење со дијамантски круни со водено ладење. DUSS машините се со течно ладење и затоа се со долг рок на траење.
RHODIUS е производител на брусни плочи во Германија. Производите на RHODIUS се синоним за јачина, квалитет и сигурност. Брусевите се користат во индустријата, кај мајстори и занаетчии. Ако работите со ISO стандард и ви треба алат со сертификат, RHODIUS е водечки производител во Европа.
BOHRCRAFT е основана во 1975 година во Ремшеид. BOHRCRAFT е производител на бургии за метал, бетон и дрво, нарезници и урезници и други производи со врвен квалитет. Алатот се користи во метална индустрија, градежништво, кај водоинсталатери, електричари и столари. Производите наBOHRCRAFT се одликуваат со долготрајност и квалитетни резултати.
KARNASCH произведува алати со одличен квалитет и перформанси за метало-обработувачата индустрија. Нивните производи се користат за изработка на калапи и алати, во транспортната индустрија и за изработка на челични конструкции. KARNASCH е застапен во преку 32 земји со своите производи.
GIS (на почетокот Gienger GmbH) постои од 1985 година. GIS е производител и добавувач на фрези, бургии и алат за гравирање од карбиден материјал со врвен квалитет за производители на светлечки реклами и обработка на плексиглас, алуминиум, алуцобонд и копирање на разни форми.
WILH. PUSCHT основаше фабрика за пили во 1867 година во Ремшеид, Германија. Од 1947 година започна со марката WILPU Remscheid како прва германска фирма со производство на листови за убодни пили. WILPU производите се со врвен квалитет за професионално работење.
Фирмата KOLL e основана во 1868 година во Ремшеид, Германија. KOLL произведува високо квалитетни кружни пили и други сечила за обработка на дрво, иверица, пластика и алуминиум. Производите на KOLL се специфицирани посебно за секој тип на обработка.
BESSEY e основана вo 1889 godina. BESSEY произведува професионални стеги за метална индустрија, браварски работилници, мебелна индустрија и столарија. BESSEY со марката Еrdi исто така произведува професионални ножици за лим, за златари и Д-зангли.
KNIPEX e основана во 1882 година во Кроненберг Вупертал, Германија, како ковачка работилница за клешти. KNIPEX е лидер во Европа во развојот и производството на клешти со висок квалитет. Сите нивни производи се изработени од високо квалитетни материјали со модерни производствени технологии.
KIRSCHEN е основана во 1858 година како фамилијарна компанија Wilh.Schmitt & Comp. GmbH & Co. KG во Ремшеид, Германија. KIRSCHEN произведува високо квалитетни алати за резбање (копаничари). Широката понува на длета и резбарски алати се произведува мануелно.
Вo 1948 година Аугуст Хуфнагел ја изработил првата машина за сечење плочки и ја основал HUFA. Потоа HUFA прераснала во водечки производител на машини за сечење и прибор за местење на керамички, мермерни и гранитни плочки. Производите се трајни, прецизни и од врвен германски квалитет.